МЗТ Скопје Аеродром попладнево на гости кај Кожув!

2017 12 Дек

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром денеска ќе го одиграат заостанатиот натпревар од 9. коло од Првата лига и тоа како гости против Кожув (17.30 часот).

Пресметката во Гевгелија е одлична шанса за враќање на победничките патеки на домашна сцена како и за зголемување на самодовербата во тимот по трагичниот пораз во саботата дома против Морнар по водство од 19 поени разлика. Сино-белите во овој дуел влегуваат како огромен фаворит со оглед на разликата во класа помеѓу двата тима, но тоа, сепак, треба да се потврди на паркетот.

Аеродромци во моментов имаат скор 5-3 и со евентуален триумф ќе се искачат до третата позиција на табелата со ист број бодови како Гостивар, а две победи помалку од Блокотехна и три од лидерот Работнички.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page