Собрани 130.000 денари од хуманитарната акција за помош на Стеван Гешовски!

2017 11 Дек

Крајниот епилог од хуманитарниот карактер на неодамнешното вечно дерби на МЗТ Скопје Аеродром со Работнички е собрани 130.000 денари кои во најскоро можно време ќе бидат уплатени на сметка за помош на поранешниот капитен на нашиот тим, Стеван Гешовски.

Од продадените 1.205 билети за пресметката помеѓу најголемите ривали во македонската кошарка беа инкасирани 120.500 денари додека од кутиите за донирање кои беа поставени на неколку локации во салата „Јане Сандански“ дополнително беа собрани уште 9.000 денари.

Парите наскоро ќе бидат префрлени на сметка на легендатата на македонската кошарка и поранешен репрезентативец на некогашна СФРЈ, кој пред две години доживеа исхемичен мозочен удар. Како последица на тоа, Гешовски има отежнат говор, парализирана десна страна и болки во екстремитетите, за што како најадекватна метода за лекување е терапијата со матични клетки во Русија.

Лекарите веруваат дека со помош на оваа терапија би ги вратиле моторните функции на екстремитетите и на неговиот говор и дека би бил ослободен од константните болки.Терапијата со матични клетки во Москва чини 17.000 евра.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page