Тодоров повеќе не е тренер на МЗТ Скопје Аеродром!

2017 07 Дек

Александар Тодоров повеќе не е прв тренер на екипата на МЗТ Скопје Аеродром, откако управата на клубот вечерва ја прифати неговата оставка поднесена од морални причини по синоќешниот пораз на домашен терен од Работнички.

Клупските челници со досегашниот стратег имаа долг разговор во обид да се најде вистински начин за излез од кризата, по кој на Тодоров, откако цврсто остана на својата одлука, му заблагодарија на сѐ што стори за „металците“ во периодот кој е зад нас.

Станува збор за тренер чие име засекогаш со златни букви ќе остане запишано во клупската историја како прв кој ја донел шампионската титула во „Јане Сандански“, кој изминативе години во повеќе наврати даде сѐ од себе во полза на МЗТ Скопје Аеродром. Покрај работата на теренот, тој летово имаше важна улога и во обезбедувањето на значаен дел финансиски средства неопходни за нормална работа на клубот по турбуленциите кои се случија во изминатиот период. Нешто што исто така никогаш нема да биде заборавено.

Напуштањето на тренерската позиција, сепак, не мора да значи и целосно заминување на Тодоров од нашиот клуб, со оглед што тој доби отворена понуда да продолжи да работи на позиција која дополнително би била договорена. Досегашниот стратег побара време за размислување за да реши што ќе биде следен чекор во неговата кариера.

Управата на клубот веќе напорно работи околу пронаоѓањето на неговиот наследник, со оглед на цајтнотот во кој се најдовме поради исклучително важниот меч кој нѐ очекува в недела дома против Морнар. Разговорите со потенцијални кандидати за наследник на Тодоров веќе се прават и многу брзо официјално ќе биде објавено името на новиот тренер на МЗТ Скопје Аеродром.

3kozuvcanka logo.jpg4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page