Дојдете задутре да му помогнете на Гешо - еден од ретките Македонци кои жнееле медали со СФРЈ!

2017 04 Дек

Поранешниот капитен на МЗТ Скопје Аеродром, Стеван Гешовски, за чија помош ќе биде наменет севкупниот приход од задутрешното кошаркарско „Ел Класико“ против Работнички (17.45), воедно е и еден од ретките Македонци кои во својата кариера играле во дресот на некогашна СФР Југославија.

Популарниот Гешо има освоено сребрен медал на Медитеранските игри во Сплит во 1979 година, а до истиот медал стигна и на Универзијадата во Мексико истата година. Има играно и во полуфиналето од Купот на куп победниците како и во две куп-финалиња во поранешна СФРЈ. Тој подолг период беше еден од носителите на играта на нашиот тим и тоа во ѕвездениот период на клубот во некогашната заедничка држава.

„Благодарен сум им на МЗТ Скопје Аеродром и на Работнички што се согласија да го донираат приходот од меѓусебното дерби за мое лекување. Знам дека градоначалниците на општините од кои доаѓаат двете екипи се големи љубители на кошарката и сигурен сум дека не им требало многу време за размислување околу реализацијата на оваа идеја“, вели нашиот поранешен капитен.

Гешовски пред две години доживеа мозочен удар, а како последица на тоа се отежнат говор, парализирана десна страна и болки во екстремитетите. Од лекари од Москва добил гаранција дека со третман со матични клетки, кој трае 12 дена, дури 80-отсто од функциите ќе успее да си ги врати. Лекувањето чини 17.000 евра.

Билетите се веќе во продажба по цена од 100 денари, а истите може да се купат на билетарата пред спортскиот комплекс во населбата Аеродром и онлајн преку интернет-страницата http://ticketplus.mk/. Гратиси ќе нема!

Дуелот против Работнички е во рамки на 8. коло од Првата лига, каде што досега имаме учинок 5-2.

Фото: Слободен печат

3kozuvcanka logo.jpg4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page