Дербито против Работнички ќе има хуманитарен карактер - за помош на нашиот Гешо!

2017 01 Дек

Управата на актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром би сакала да ја информира спортска јавност кај нас дека претстојното вечно дерби против Работнички, кое ќе се одигра в среда во салата „Јане Сандански“ со почеток во 17.45 часот, покрај првенствен ќе има и - хуманитарен карактер.

Сите средства собрани од продажбата на билети за македонското кошаркарско „Ел Класико“ ќе бидат наменети за помош на некогашната легенда на нашиот клуб, Стеван Гешовски. За време на натпреварот, на повеќе места во салата, ќе бидат поставени и пунктови за дополнителна донација со што вкупниот износ за помош на некогашниот прославен кошаркар би бил уште поголем. Хуманитарниот карактер на мечот е во соработка со противничката екипа и со Меѓународниот сојуз - Скопје.

Станува збор за поранешен капитен на МЗТ Скопје Аеродром и некогашен технички директор на репрезентацијата на Македонија, кој пред две години доживеа исхемичен мозочен удар. Како последица на тоа, Гешовски има отежнат говор, парализирана десна страна и болки во екстремитетите, за што како најадекватна метода за лекување е терапијата со матични клетки во Москва. Лекарите веруваат дека со помош на оваа терапија би ги вратиле моторните функции на екстремитетите и на неговиот говор и дека би бил ослободен од константните болки.

Терапијата со матични клетки во Москва чини 17.000 евра, средства кои тој сам не може да ги обезбеди. За таа цел, апелираме до нашите навивачи и следбеници, но и до приврзаниците на противникот и сите спортски вљубеници кај нас, в среда да дојдат во што е можно поголем број во салата „Јане Сандански“ со што истовремено би биле хумани, но и би уживале во мајсториите на најголемите кошаркарски ривали кај нас.

Билетите се веќе во продажба по цена од 100 денари, а истите може да се купат на билетарата пред спортскиот комплекс во населбата Аеродром и онлајн преку интернет-страницата http://ticketplus.mk/.

ГРАТИСИ ЌЕ НЕМА!

3kozuvcanka logo.jpg4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page