МЗТ Скопје Аеродром вечерва гостин на Фени индустри

2017 30 Ное

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром вечерва против Фени иднустри (17 часот) во Кавадарци ќе ја одработат заостанатата домашна задача од 7. коло од Првата лига, кое се пролонгира поради ноемврискиот циклус репрезентативни настапи.

Тренерот Александар Тодоров на располагање ќе ги има сите кошаркари што значи враќање на бугарскиот интернационалец Јордан Минчев, кој извесен период беше отсутен поради повреда. Во составот ќе го нема само најновото засилување, Дарко Соколов, кој нема право на настап во овој меч со оглед што беше дел од составот на Карпош Соколи во меч од истатат прволигашка рунда.

Со евентуална победа, „металците“ ќе се изедначат на третата позиција на табелата заедно со К. Соколи, а зад Работнички и Блокотехна. Пресметката со Фени И. воедно е последна проверка за сино-белата чета пред гостувањето задутре кај Цедевита, во меч од АБА-лигата.

3kozuvcanka logo.jpg4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page