Тони Грнчаров ја презема функцијата извршен директор на МЗТ Скопје Аеродром!

2017 21 Ное

Поранешниот капитен и кошаркарот кој прв го крена шампионскиот пехар во историјата на МЗТ Скопје Аеродром, Тони Грнчаров, ќе биде нов извршен директор на клубот. Процедурата за негово назначување е веќе почната, а наскоро тој и официјално ќе ја преземе функцијата на која досега беше Видоја Секулоски.

Грнчаров професионалната кошаркарска кариера ја почна токму во сино-белиот дрес во 1999 година, а пред пет години беше дел од генерацијата која го оствари шампионскиот сон на армијата навивачи на клубот. Новиот извршен директор исто така беше дел од првиот состав на МЗТ Скопје Аеродром кој настапи во АБА-лигата во 2012 година.

За мене никогаш и не постоела друга екипа освен МЗТ Скопје Аеродром. Тоа е судбината на секој аеродромец, бескрајната  љубов кон сино-белата боја. Се враќам дома, но сега во поинаква и исклучително одговорна функција. Примарна цел сега ни е опстанок во АБА-лигата, додека желбата да се освојат двете домашни круни е нешто што треба да се подразбира за клуб како нашиот. Во иднина ќе посветиме уште поголемо внимание на младинската школа каде што на талентираните ќе им понудиме работа со квалитетни стратези. Македонските играчи и тренери секогаш ќе ни бидат во преден план, како и работата на подолги стази без често менување тренери“, вели Грнчаров.

МЗТ Скопје Аеродром следниот меч ќе го одигра на 30 декември како гостин против Фени индустри во рамки на 7. коло од Првата лига, а два дена подоцна ќе ѝ гостува на Цедевита во склоп на 10. коло од АБА-лигата.

3kozuvcanka logo.jpg4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page