МЗТ Скопје преку Гостивар до четвртиот триумф во Првата лига

2017 14 Ное

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром го совладаа Гостивар (75-67) во последниот меч од 6. коло од Првата лига, кој се одигра вечерва во малата сала во спортскиот комплекс „Јане Сандански“.

Сино-белите апсолутно заслужено дојдоа до четвртата победа сезонава на домашна сцена, откако ја имаа контролата врз играта и резултатот во текот на сите 40 минути. Противникот воопшто не беше наивен, постојано се обидуваше да дојде до шанса за изненадување, но избраниците на тренерот Александар Тодоров искусно ги одбија сите напади и ги забележаа планираните бодови.

Марко Симоновски го одигра најдобриот меч по враќањето на теренот, откако паузираше речиси шест месеци поради повреда на скочниот зглоб и беше најефикасен со 22 поени и седум скока. Бојан Трајковски, пак, имаше дабл-дабл ефектсо 13 поени и 11 скока.

Следен домашен противник на нашиот тим е Фени индустри во меч кој дополнително ќе биде закажан поради паузата за настапите на репрезентацијата во претквалификациите за ЕП 2021. В недела, пак, на домашен терен ќе ги одмериме силите со Будуќност во средба од 9. коло од АБА-лигата.

3kozuvcanka logo.jpg4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page