Куманово е првиот тест за засилениот состав на МЗТ Скопје Аеродром

2017 10 Ное

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром вечерва ќе му гостуваат на секогаш незгодниот тим на Куманово (17.30 часот), во последниот меч од 5. коло од Првата лига.

Ова е одлична шанса за ставање крај на резултатската криза односно на низата од четири порази по ред (Цибона, Црвена звезда, Блокотехна и Мега Бемакс), но и за покажување на засилениот состав во кој вечерва првпат заедно ќе настапат четирите нови засилувања. Тренерот Александар Тодоров вечерва ќе може да смета на Доминик Мавра, Никола Павличевиќ, Ѓорѓе Мајсторовиќ и на Радосав Спасојевиќ, додека во тимот нема да биде повредениот Јордан Минчев.

Ова воедно ќе биде последна контрола за „металците“ пред исклучително важниот натпревар в недела против Унион Олимпија во Љубљана во рамки на 8. коло од АБА-лигата. Предвиден е и директен пренос од дуелот против Куманово и тоа на собранискиот канал на Македонската телевизија (МТВ)

3kozuvcanka logo.jpg4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page