МЗТ Скопје Аеродром со пораз ги почна настапите во Првата лига

2017 12 Окт

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром со пораз ги почнаа настапите во домашната Прва лига, откако вечерва загубија на домашен терен во пресметката со Карпош Соколи со 83-85.

Гостите подобро се снајдоа на почетокот, им тргна шутот од далечина и брзо дојдоа до двоцифрена предност, која на стартот од третата четвртина се искачи и на 18 поени (54-36). Од тој момент избраниците на тренерот Александар Тодоров заиграа далеку подобро, полека ја „топеа“ разликата, но не успеаја да направат целосен резултатски пресврт. На крајот, при негатива од 82-85, имаше делумно сомнителна ситуација кога судиите се мислеа дали врз Дамјан Стојановски е направен прекршок за две или три слободни фрлања, но по подолго мислење беше усвоена првата варијанта со што пропаднаа надежите за евентуално продолжување.

Бојан Трајковски беше најефикасен во нашиот тим со 34 поени и осум скока, Ерик Гарсија постигна 13, а Стојановски и Јордан Минчев по 10 поени.

Наш следен противник е Игокеа каде што гостуваме в понеделник во рамки на АБА-лигата, додека во домашното првенство шансата за прва победа ќе ја имаме в среда кога ќе го пречекаме новиот прволигаш Шкупи.

3kozuvcanka logo.jpg4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page