Реприза на плејоф-финалето на стартот од Првата лига сезонава!

2017 04 Окт

Екипата на Карпош Соколи ќе биде првиот противник на МЗТ Скопје Аеродром на стартот од сезоната во македонската Прва лига, беше решено на денешното извлекување на двојките која се одржа во просториите на Македонската кошаркарска федерација (МКФ).

Ждрепката сакаше веќе на стартот да се случи реприза на финалето од плејофот од минатиот шампионат, во кое нашиот тим триумфираше со 3-2 и дојде до шестата титула во клупската историја.

Првенството почнува претстојниот викенд (7 октомври), но нашиот меч против „соколите“ најверојатно ќе биде одигран на 12 октомври поради обврските во АБА-лигата, каде што в понеделник (9 октомври) на домашен терен ќе ги одмериме силите со хрватски Задар.

3kozuvcanka logo.jpg4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page