Бугаринот Минчев една сезона ќе игра во дресот на МЗТ Скопје Аеродром!

2017 01 Окт

Еден од најталентирани европски кошаркари во својата генерација, Бугаринот Јордан Минчев (19 год, 203 см.), од денеска е нов член на МЗТ Скопје Аеродром и тоа на едногодишен заем од таборот на европскиот шампион Фенербахче.

Станува збор за кошаркар кој игра на позициите бек-шутер и ниско крило и кој лани потпиша шестгодишен договор со тимот од Истанбул како една од идните ѕвезди на турскиот гигант. Своето професионално деби го имаше во софиски Левски во сезоната 2014/15 и зад себе има пет настапи во АБА-лигата, 27 средби во првенството на Бугарија и 14 натпревари во Балканската лига (БИБЛ). Во февруари годинава беше позајмен на српскиот тим Вршац. Минчев е и актуелен бугарски репрезентативец

Ангажманот на Минчев е плод на добрата соработка на МЗТ Скопје Аеродром со челните луѓе на Фенербахче, која би требало и да се засили во периодот кој претстои. Тој е веќе во Скопје, ќе биде дел од експедицијата која утре ќе замине за Белград на задутрешниот меч против ФМП, но дебито во сино-белиот дрес ќе го има следниот понеделник во мечот од 3. коло од АБА-лигата на домашен терен против Задар.

3kozuvcanka logo.jpg4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page