МЗТ Скопје Аеродром на 22 август ќе ги почне подготовките за новата сезона!

2017 16 Авг

Актуелниот кошаркарски шампион на Македонија го закажа официјалниот почеток на подготовките за новата сезона и тоа за во вторник (22 август) во вечерниот термин во големата сала во спортскиот центар „Јане Сандански“.

Тренерот Александар Тодоров се очекува на првиот собир на располагање ќе ги има сите играчи кои во моментов се под договор, вклучувајќи ги и репрезентативците кои денеска против Естонија во Талин ќе го завршат настапот во претквалификациите за СП 2019 во Кина. Дотогаш, новиот стратег на „металците“ ќе работи со помладите играчи во нашиот состав на кои повремени ќе им се приклучуваат и поискусните, со цел сите што е можно поподготвени да го дочекаат стартот на подготовките.

Тодоров до почетокот на новата сезона планира одигрување на десетина контролни средби, меѓу кои дел се веќе договорени. Прифатено е учеството на меѓународен турнир во Турција каде што на 6 септември ќе ги одмериме силите со организаторот Бујукчекмече додека следниот ден ќе играме против победникот или поразениот од дуелот помеѓу Истанбул ББ и Цибона. На 8 септември е договорена уште една контрола и тоа против турскиот второлигаш Пертевнијал Генчлик од Истанбул по што ќе следува враќање во Скопје.

Новата сезона за сино-белиот состав стартува на 29 септември кога во „Јане Сандански“ ќе гостува белградски Партизан. Терминот за почеток на домашното првенство се уште не е официјално одреден.

3kozuvcanka logo.jpg4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page