Иднината ни е светла: Младинците Мамузиќ и Митев потпишаа за МЗТ Скопје Аеродром!

2017 07 Јул

Актуелните младински кошаркарски репрезентативци, Михајло Митев (19 год, 191 см.) и Ранко Мамузиќ (19 год, 203 см.), од денеска се нови членови на МЗТ Скопје Аеродром, откако потпишаа тригодишна верност со шесткратниот шампион.

Станува збор за двоец кој дефинитивно влегува меѓу најталентираните македонски кошаркари во младинска конкуренција и кои се меѓу главните адути на селекторот Мирко Петрески на претстојното Европско првенство (ЕП), дивизија Б, во Романија. Митев доаѓа од таборот на Вардар додека Мамузиќ изминативе неколку години настапуваше за шпанскиот тим Баскет Аликанте.

Ангажирањето на репрезентативниот тандем оди во правец на обезбедување на иднината на МЗТ Скопје Аеродром односно на продолжување на интенцијата за давање приоритет на македонските играчи. Претходно, беа вратени Дамјан Стојановски и Бобан Стајиќ, а под договор се уште и Марко Симоновски, Адем Мекиќ како и Американецот Ксавиер Темс.

3kozuvcanka logo.jpg4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page