Бобан Стајиќ се врати во таборот на МЗТ Скопје Аеродром!

2017 03 Јул

Потенцијалниот кошаркарски репрезентативец, Бобан Стајиќ (23 год, 185 см.) повторно е дел од екипата на МЗТ Скопје Аеродром, откако денеска потпиша едногодишен договор со шесткратниот шампион на Македонија.

Станува збор за талентиран плејмејкер, кој изминатите две сезони успешно настапуваше во таборот на Фени индустри. За Стајиќ ова всушност е враќање во добро позната средина, со оглед што веќе беше член на „металците“ и тоа периодот од 2013 до 2015 година. Претходно, тој настапуваше за скопска Лирија со која всушност дебитира на прволигашката сцена.

Повратникот во сино-белиот дрес зад себе има настап и на Европското првенство (ЕП), дивизија Б, за младинци во 2012 година на кое во просек реализираше 11,4 поени и по 4,4 скока и асистенции.

Стајиќ е второто засилување за МЗТ Скопје Аеродром во летниот преоден рок, по некогашниот капитен на тимот, Дамјан Стојановски. Под договорна обврска со шампионот во моментов уште се и Марко Симоновски, Адем Мекиќ и Ксавиер Темс. Нов тренер на екипата е Александар Тодоров.

1 Sinalco Logo.jpg3kozuvcanka logo.jpg4 sport m logo web.jpg5.Adora logo.jpg6. adidas.jpgBauer logo.jpgJsp_turs1.jpgTineks.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpggoldenart logo.jpgsistina logo web.jpgtelekom logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page