Среќен 28. роденден за капитенот Марко Симоновски!

2017 28 Јун

За македонскиот кошаркарски репрезентативец и капитен на МЗТ Скопје Аеродром, Марко Симоновски, денешниот ден е посебен со оглед што го прославува 28. роденден.

Вообичаеното честење на клупските колеги овој пат ќе изостане со оглед на летниот распуст во таборот на шампионот, а популарниот Марче традиционалната роденденска торта ќе ја подели со останатите членови на македонскиот национален тим со кои веќе една недела се подготвува за претквалификациските натпревари за пласман на СП 2019 во Кина.

За Симоновски сезоната која претстои ќе биде втора по ред, а вкупно трета во дресот на „металците“ со кои дојде до две шампионски титули во 2015 односно 2017 година. Претходно, тој има настапувано за Вардар, Работнички, Фени индустри, Куманово како и за австрискиот прволигаш Аркадија лајонс.

Управата на МЗТ Скопје Аеродром му го честита роденденот на Симоновски и му посакува продолжување на шампионскиот тренд во настапите во сино-белиот дрес.

3kozuvcanka logo.jpg4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page