Вечерва ја играме „мајсторката“ со Карпош Соколи вредна шеста титула во клупската историја!

2017 24 Мај

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром вечерва, во големата сала од СЦ „Јане Сандански“, ќе го одиграат петтиот решавачки натпревар од финалната плејоф-серија со Карпош Соколи (18 часот) во кој ќе влезат максимално мотивирани и решени да дадат сѐ од себе за да дојдат до триумф, а со тоа и до шестата титула во клупската историја.

Моменталниот резултат во дуелот за шампионскиот трофеј е 2-2, откако двете екипи славеа во пресметките одиграни на домашен терен, поради што сино-белите дефинитивно ја имаат улогата на благ фаворит и на вечерашната средба. Ова ќе биде вкупно десетти меѓусебен натпревар на овие два тима сезонава, а скорот е 6-3 во корист на аеродромци. МЗТ Скопје славеше на сите досегашни средби во „Јане Сандански“ и тоа во рамки на Суперкупот, АБА-лигата, Суперлигата и двапати во плејофот како и еднаш на теренот на противникот во суперлигашкиот дел од домашното првенство. Порази претрпевме на средбите во „Борис Трајковски“ во АБА-лигата и во два наврати во финалето од доигрувањето.

Атмосферата во екипата е на највисоко можно ниво, а составот ќе биде ист како и на претходните финални пресметки што значи дека Душан Катниќ ќе биде прекубројниот странец.

Мора да влеземе во борба за секоја топка уште од самиот почеток, тоа мислам дека е клучната работа за вечерашната пресметка. Одбраната мора да биде агресивна, а играчите мора постојано да имаат контакт со противниците, тоа е нешто што ни донесе победи на претходните дуели со Карпош Соколи. На средбите на кои не игравме вака му дозволувавме на ривалот да се размавне, да си ја зголеми самодовербата и тогаш не минувавме добро. Втора клучна работа е контролата на скокот, без тоа нема да можеме да се надеваме на успех. На крај, нападот мора да биде паметен, до последната секунда, без избрзани потези и шутеви од неизградени позиции. Ако успееме да ги примениме на паркетот овие три работи, уверен сум дека ќе славиме на крајот“, вели тренерот на „металците“, Анте Назор.

За првпат во историјата на македонската кошарка, вечерашниот дуел ќе го судат странци и тоа од Турција. Во улога на делители на правдата ќе бидат Мехмет Кесератар, Фатих Арсланоглу и Мехмет Карабилечен, кои синоќа беа во улога на официјални лица на средбата помеѓу Ефес Пилсен и Галатасарај во рамки на турското првенство.

Средбата ќе биде директно пренесувана на каналите на Македонската телевизија (МТВ).

3kozuvcanka logo.jpg4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page