МКФ реши турски судии да ја делат правдата на петтиот финален меч со Карпош Соколи

2017 23 Мај

Челниците на Македонската кошаркарска федерација (МКФ) денеска донесоа одлука судиска тројка од Турција да ја дели правдата на утрешниот петти финален плејоф-натпревар против Карпош Соколи, кој од 18 часот ќе се одигра во салата „Јане Сандански“.

Честа да бидат на теренот на средбата која ќе реши прашањето околу новиот шампион ја добија Мехмет Кесератар, Фатих Арсланоглу и Мехмет Карабилечен. Ова ќе биде прв натпревар во историјата на македонската клупска кошарка на кој странци ќе бидат во улога на судии.

Во претходните четири средби, секој од финалистите победи во пресметките на домашен терен. МЗТ Скопје Аеродром ја брка шестата титула по ред односно продолжување на доминацијата во македонската кошарка, која трае уште од 2012 година.

1 Sinalco Logo.jpg3kozuvcanka logo.jpg4 sport m logo web.jpg5.Adora logo.jpg6. adidas.jpgBauer logo.jpgJsp_turs1.jpgTineks.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpggoldenart logo.jpgsistina logo web.jpgtelekom logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page