Пропуштена првата меч-топка, „мајсторката“ ќе го донесе новиот шампион!

2017 21 Мај

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром ја пропуштија првата меч-топка за освојување на шампионската титула, откако вечерва загубија на гостувањето кај Карпош Соколи (78-86) за 2-2 во финалето од плејофот.

Сино-белите добро го почнаа натпреварот, поведоа со 19-12 давајќи надеж дека шестата титула би можела да се осигура уште во „Борис Трајковски“. Но, потоа следуваше пад во играта, а во финишот од првата и почетокот од втората четвртина му дозволивме да направи неверојатна серија 21-1 со која дојде до убедлива предност (51-30). Во продолжението избраниците на тренерот Анте Назор заиграа далеку подобро, особено во одбраната што резултира со брзо топење на големата негатива и влегување во неизвесен финиш, во кој, за наша несреќа, противникот подобро се снајде и дојде до победата.

Стефан Синовец и Данило Мијатовиќ беа најефикасни во нашиот тим со по 17 поени, Ксавиер Темс постигна 15, Шарлон Клоф 14, а Јуре Лалиќ 10 поени.

Решавачкиот меч за титулата ќе се одигра в среда во салата „Јане Сандански“.

1 Sinalco Logo.jpg3kozuvcanka logo.jpg4 sport m logo web.jpg5.Adora logo.jpg6. adidas.jpgBauer logo.jpgJsp_turs1.jpgTineks.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpggoldenart logo.jpgsistina logo web.jpgtelekom logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page