Вечерва ја имаме првата меч-топка за шестата шампионска титула!

2017 21 Мај

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром вечерва ќе му гостуваат на Карпош Соколи (20 часот) во четвртиот финален плејоф-натпревар, кој воедно за нив е и прва меч-топка за освојување на шампионската титула.

Сино-белите водат со 2-1 во серијата и им е потребен само уште еден триумф да ја продолжи доминацијата во македонското првенство со шестиот пехар во низа. Играчите се максимално мотивирани и решени уште вечерва да ја завршат сезоната со трета победа во пресметката со незгодните „соколи“.

Вечерва ќе го одиграме осмиот меѓусебен натпревар со Карпош Соколи сезонава, што значи дека одлично се познаваме со ривалот и дека нема простор за какво било изненадување. Агресивноста ќе биде клуч на оваа средба. Ако во мечот влеземе како завчера, максимално мотивирани и решени да победиме, тогаш лесно може да се случи финалната серија да заврши уште вечерва. Верувам во својот тим и ако одиграме како што се договараме шансите за успех ќе бидат и тоа како големи“, вели тренерот Анте Назор.

Судии на средбата се Александар Милојевиќ, Игор Митровски и Александар Павлов. Предвиден е директен телевизиски пренос на каналите на МТВ.

3kozuvcanka logo.jpg4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page