Слободен влез за третото финале: Дојдете во „Јане Сандански“ и помогнете ни пак да ги победиме „соколите“!

2017 18 Мај

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром утревечер ќе го одиграат третиот натпревар од плејоф-финалето со Карпош Соколи (19 часот), во обид да дојдат до 2-1 во серијата што се игра до три победи.

Со цел максимално да се пополнат трибините во големата сала во спортскиот центар „Јане Сандански“ со што играчите би добиле дополнителна енергија и сила која би можела да го реши овој исклучително важен меч, управата на клубот реши да ги отвори вратите и да овозможи слободен влез за сите што сакаат да го проследат овој дуел и да им помогнат на своите миленици. Овој потег, воедно е и своевидно извинување за поразот во претходното гостување во Карпош како и за начинот на кој „металците“ одиграа во првите три четвртини од натпреварот.

Навивачите и симпатизерите секогаш биле шести играч на МЗТ Скопје Аеродром, поради што избраниците на тренерот Анте Назор ги повикуваат сите оние на кои сино-белата боја им е во срцето да дојдат и да им помогнат во напорите да го совладаат незгодниот противник и да дојдат на само еден чекор до целта која сите заеднички ја посакуваме – шестата шампионска титула во низа.

1 Sinalco Logo.jpg3kozuvcanka logo.jpg4 sport m logo web.jpg5.Adora logo.jpg6. adidas.jpgBauer logo.jpgJsp_turs1.jpgTineks.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpggoldenart logo.jpgsistina logo web.jpgtelekom logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page