Назор: Не бевме цврсти и одговорни во одбраната и затоа загубивме!

2017 17 Мај

Со црвено лице и со огромна лутина и разочараност, тренерот на МЗТ Скопје Аеродром, Анте Назор, го напушти паркетот по синоќешниот пораз на неговиот тим во вториот финален плејоф-натпревар на гости кај Карпош Соколи.

Сето тоа беше разбирливо со оглед што неговиот тим прими дури 104 поени, а воедно неговите играчи имаа 12 скокови помалку од противникот како и 19 загубени топки.

Веќе втор натпревар по ред почнуваме да личиме на себе дури во последната четвртина, но овој пат веќе беше предоцна за резултатски пресврт и конечна победа. Во иднина не смееме да си дозволиме вакви средби, на голем број поени, бидејќи тоа повеќе му одговара на тимот на Карпош Соколи. Мора подобро да ги почнуваме мечевите и да влегуваме во нив далеку поцврсто и поодговорно во одбраната. Исто така, треба да го намалиме бројот на загубени топки како и да го подобриме движењето на топката во нападот. Пред нас се два дена во кои треба напорно да работиме за да ги исправиме грешките и в петок со кренати глави да истрчаме на паркетот“, изјави хрватскиот стратег на клупата на актуелниот шампион.

Третата средба од финалната серија која се игра до три победи е закажана за задутре (петок) со почеток во 19 часот во салата „Јане Сандански“ во Аеродром.

3kozuvcanka logo.jpg4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page