МЗТ Скопје не успеа да го освои „Борис Трајковски“, сега е 1-1 во финалето со Карпош Соколи!

2017 16 Мај

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром останаа со празни раце на вечерашното гостување кај Карпош Соколи (93-104) во вториот меч од финалната плејоф-серија во која сега резултатот е 1-1, а која се игра до три победи.

Сино-белите не беа на посакуваното ниво во одбраната, примија (пре)многу поени во првото полувреме (дури 60), а на крајот на третиот период губеа и со минус 25 (56-81). Последниот дел од играта го одигравме шампионски, дадовме дури 37 поени со плус 14 во само десет минути, но најмногу што направивме е намалувањето на само пет поени негатива. На крајот дадовме сѐ од себе, но немавме сили за целосне пресврт во пенал-завршницата во која домаќинот беше безгрешен.

Шарлон Клоф со 19 поени и осум асистенции беше најефикасен кај „металците“, Јуре Лалиќ постигна 16, а Ѓорѓе Дреновац 14 поени.

Третиот меч од серијата е в петок во големата сала во спортскиот центар „Јане Сандански“.

1 Sinalco Logo.jpg3kozuvcanka logo.jpg4 sport m logo web.jpg5.Adora logo.jpg6. adidas.jpgBauer logo.jpgJsp_turs1.jpgTineks.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpggoldenart logo.jpgsistina logo web.jpgtelekom logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page