МЗТ Скопје Аеродром вечерва на гости кај „соколите“ во вториот меч од пресметката за титула!

2017 16 Мај

Исклучително тешка, но поради тоа и неверојатно слатка за кошаркарите на МЗТ Скопје беше победата во завчерашниот прв финален дуел против Карпош Соколи, екипа која се покажа како цврст противник, кој сигурно ќе сака да се реваншира на вечерашната втора пресметка во салата „Борис Трајковски“ (20 часот).

Стручниот штаб на сино-белите немаше премногу време за некоја подетална анализа на пропустите, но, сепак, тренерот Анте Назор и соработниците и овој пат го знаат патот кон успехот. Тоа е дисциплинирана и агресивна игра, нешто што играчите ќе се обидат на најдобар начин да го имплементираат на паркетот. Капитенот Марко Симоновски и понатаму е вон стројот, а Стефан Синовец повторно добива предност пред Душан Катниќ, кој и овој пат средбата ќе ја проследи од трибините на прекуброен странец.

Првиот натпревар со Карпош Соколи беше неизвесен и исцрпувачки, нешто што и очекувавме од една финална пресметка. Многу време за одмор немавме и моја желба е на вечерашниот дуел во текот на сите 40 минути да одиграме како во последната четвртина од средбата во која победивме. Дури тогаш бевме оние вистинските, нешто кон што треба да се стремиме во мечот кој е пред нас. Мора да бидеме агресивни, да внимаваме на нивната транзиција и шут од далечина, а истовремено да бидеме трпеливи во нападот, каде што максимално мора да му веруваме на системот. Противникот е опасен и секое и најмало опуштање може скапо да нѐ чини. Важно е да се почне добро натпреварот и уште од стартот да се префрли притисокот на противникот. Ако успееме во тоа тогаш ќе бидеме многу поблиску до посакуваната цел, а тоа е водство со 2-0 во финалната серија“, изјави хрватскиот стратег на клупата на актуелниот македонски шампион.

Судии на вечерашниот дуел се Александар Милојевиќ, Игор Митровски и Алија Феревски, а делегат е Зоран Николовски. Директен пренос е предвиден на каналите на Македонската телевизија (МТВ).

3kozuvcanka logo.jpg4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page