Одличнa партија на Мекиќ и Ѓуроски за убедлива победа на гостувањето во Куманово

2017 29 Апр

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром со лесна и убедлива победа на гостувањето во Куманово (80-61) го завршија настапот во Суперлигата и во плејофот влегоа од првата позиција на табелата со скор 9-1 и две победи повеќе од првите конкуренти – Работнички и Карпош Соколи.

Вечерва неизвесна беше само првата четвртина во која двете екипи се менуваа во водството, а клучната предност сино-белите ја обезбедија со фуриозна игра во втората четвртина во која постигнаа двојно повеќе поени од противникот (28-14). Разлика беше зголемена и во третиот период, додека последните десет минути беа рутински одработени.

Повеќе од победа радува и одличната игра на помалдите играчи во тимот, пред сѐ на Адем Мекиќ, кој средбата ја заврши со 19 поени и четири постигнати поени, дефинитивно најдобар партија во сениорскиот погон на шампионот. Веднаш зад него беше Стојан Ѓуроски со 16 поени, а двоцифрен поентерски ефект имаа уште и Ѓорѓе Дреновац (15 поени) и Душан Катниќ (11 поени).

МЗТ Скопје Аеродром и во полуфиналето од плејофот ќе се сретне со Куманово во серија која почнува в петок во „Јане Сандански“ и која се игра до три победи.

Куманово – МЗТ Скопје 61-80 (17-19, 14-28, 13-20, 17-13)

МЗТ СКОПЈЕ: Катниќ 11, Темс 3, Мекиќ 19, Ѓуроски 16, Клоф 3, Симоновски, Тодоровски, Дреновац 15, Лалиќ 9, Мијатовиќ 4. ТРЕНЕР: Анте Назор.

4 Uni Banka.jpgGjorgievi logo2 mk za sajt.jpgNeuromedika za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page