МЗТ Скопје Аеродром вечерва гостува во Куманово, Назор најавува борба за секоја топка!

2017 29 Апр

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром со веќе обезбедено прво место на табелата пред плејофот влегуваат во последното 10. коло од Суперлигата, во кое вечерва му гостуваат на секогаш незгодниот тим на Куманово (19 часот).

Без разлика што оваа средба нема поголемо резултатско значење за нив, сино-белите најавуваат борбеност и решеност да се дојде до победата против противникот со кого најверојатно ќе се сретнеме и во полуфиналето од доигрувањето во серија која се игра до три победи. Тренерот Анте Назор не верува во калкулации туку само во максимално сериозен пристап и ангажман со кој би се стигнало до деветтата победа сезонава, која, пак, би значела и потврда на доминацијата во досегашниот дел од шампионатот.

Проблеми со повреди има и пред вечерашниот дуел, со оглед што мечот сигурно ќе го пропуштат Љубомир Младеновски поради повреда на задната ложа и Стефан Синовец, кој ќе биде прекубројниот странец со цел да ја доврши рехабилитацијата по долгата пауза поради серија повреди. Најверојатно стручниот штаб нема да може да смета на услугите и на Марко Симоновски, кој поради проблеми со скочниот зглоб веќе го пропушти дуелот со Карпош Соколи.

За нас најважно е што со неодамнешната победа над Карпош Соколи го обезбедивме првото место кое, пак, ни носи предност на домашен терен во полуфиналето и финалето од плејофот. Мислам дека тоа е сосема заслужено бидејќи покажавме најмногу во Суперлигата и бидејќи покажавме квалитет и карактер кога за тоа беше најпотребно – дуелот со ривалот од АБА-лигата кој директно одлучуваше за пол-позицијата. За сето ова им честитам на моите играчи, но и на старите навивачи кои редовно доаѓаат да нѐ поддржуваат и чија помош е исклучително драгоцена на патот кон шампионската титула.

Сега пред нас е гостување кај тимот на Куманово, кој покажа најмногу од екипите кои се борат за четвртата позиција на табелата и кој некако најмногу нѐ намачи во првиот меч сезонава на домашен терен. Тоа воедно е показател дека треба максимално да се подготвиме за вечерашната пресметка, но и за жешката атмосфера на која ќе мора да се прилагодиме со оглед што речиси сигурно истиот ривал ќе нѐ чека во полуфиналето од плејофот. Досегашниот дел од Суперлигата ни покажа дека во секој меч мора да влеземе максимално сериозни и борбени, а дуелот со кумановци ќе биде своевиден тест за нашата цврстина и решителност, без која не се остваруваат големи резултати“, вели Назор пред гостувањето во Куманово.

Судии на натпреварот се Игор Митровски, Алија Феревски и Владо Цветановски, а делегат е Ѓорѓи Пиперков. Засега не е најавен телевизиски или интернет пренос од овој дуел.

4 Uni Banka.jpgGjorgievi logo2 mk za sajt.jpgNeuromedika za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page