Убедлива победа над Карпош Соколи за загарантирано прво место пред плејофот за титула!

2017 26 Апр

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром на едно коло пред крајот на Суперлигата ја осигура пол-позицијата пред плејофот, откако вечерва со фантастична игра го „преслуша“ директниот конкурент за највисок пласман, тимот на Карпош Соколи со убедливи 22 поени разлика (83-61).

Избраниците на тренерот Анте Назор одиграа како по ноти, во одбраната беа максимално агресивни, а во нападот трпеливо го бараа играчот кој е во најдобра позиција за поентирање. Тоа резултира со двоцифрена предност уште во првата четвртина, која потоа умешно се зголемуваше, а потоа и оддржуваше до самиот крај на натпреварот. Големата желба, но и атрактивност беше препознаена од неколку стотина гледачи во малата сала „Јане Сандански“ кои потоа со громогласно навивање само им дадоа дополнителен ветер во грб на своите миленици.

Ксавиер Темс беше најдобар поединец во сино-белиот состав со 20 поени, а веднаш до него беа Јуре Лалиќ и Ѓорѓе Дреновац со по 17 поени и по осум скокови. Маестрална универзална партија прикажа Шарлон Клоф со 13 поени и по седум скока и асистенции како и со две-три атрактивни забивања со кои само го потврди прекарот „Летечкиот Холанѓанец“.

Следниот наш противник е Куманово каде што гостуваме веќе в сабота во средба која за нас ќе нема резултатско значење со оглед на веќе осигураното прво место на табелата со скор 8-1 во моментов и две победи повеќе од првите следбеници, Карпош Соколи и Работнички кои имаат учинок 6-3.

4 Uni Banka.jpgGjorgievi logo2 mk za sajt.jpgNeuromedika za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page