МЗТ Скопје Аеродром го пречекува Карпош Соколи во битка за пол-позицијата пред плејофот!

2017 25 Апр

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром само неколку дена по првиот пораз сезонава во Суперлигата ги очекува уште едена тешка пресметка и тоа утревечер (среда, 25 април), на домашен терен (мала сала во СЦ „Јане Сандански“), против Карпош Соколи (19 часот), кој се игра во рамки на претпоследното коло од оваа фаза од домашното првенство.

Влогот е голем бидејќи со победа сино-белите дефинитивно ќе ја осигураат пол-позицијата пред плејофот, додека евентуалниот пораз со три или повеќе поени разлика би нѐ довел во ситуација да паднеме на втората позиција на табелата. Избраниците на тренерот Анте Назор максимално сериозно се подготвуваат за големото дерби против ривалот од АБА-лигата во кое ќе пробаат со агресивна одбрана и концентриран напад да дојдат до посакуваната цел.

Очекувам исклучително тежок натпревар бидејќи влогот е навистина голем, а тоа е првото место на табелата пред плејофот. Сите досегашни меѓусебни средби со Карпош Соколи беа максимално изедначени, решени на една топка, поради што утре ќе мора да бидеме максимално борбени и буквално да изгинеме на паркетот. Мора да ја цениме секоја топка, секој напад и првенствено да бидеме сконцентрирани на својата игра, таа да биде течна во нападот и агресивна во одбраната. Треба да внимаваме на противничкиот шут од далечина, што е нивно силно оружје, што значи дека треба да бидеме агресивни на секоја топка и на линија на додавањето и со далеку поголем ангажман во одбраната да ја контролираме средбата. Пристапот не смее да биде како против Работнички, туку треба да покажеме карактер и желба за успех уште од самиот старт на натпреварот“, вели хрватскиот стратег на клупата на аеродромците.

Ова за МЗТ Скопје Аеродром ќе биде петти меч против „соколите“ сезонава, а досегашниот скор е 3-1 во корист на нашиот тим. Победи остваривме во финалето од Суперкупот, во домашната пресметка во АБА-лигата како и на неодамнешното гостување во „Борис Трајковски“ во склоп на Суперлигата, каде што, пак, претходно загубивме во дуелот од регионалното натпреварување.

Судии на мечот ќе бидат Александар Милојевиќ, Игор Митровски и Александар Павлов додека делегат е Зоран Николовски. Натпреварот, поради зафатеноста на големата арена, ќе се одигра во малата сала во спортскиот центар „Јане Сандански“, а билетите за оваа директна пресметка за пол-позицијата пред плејофот се веќе во продажба и тоа по цена од 100 (сто) денари. Истите веќе може да се купат на билетарницата при СЦ „Јане Сандански“, како и онлајн преку интернет-страницата http://ticketplus.mk/.

4 Uni Banka.jpgGjorgievi logo2 mk za sajt.jpgNeuromedika za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page