К.К. МЗТ Скопје Аеродром

Дербито со Карпош Соколи закажано за в среда во малата сала, билетите се со цена од 100 денари!

2017 24 Apr

Последниот домашен натпревар од регуларниот дел од Суперлигата (9. коло), кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром ќе го одиграат в среда (26 април) со почеток од 19 часот и тоа против големиот АБА-ривал, Карпош Соколи.

Натпреварот, поради зафатеноста на големата арена, ќе се одигра во малата сала во спортскиот центар „Јане Сандански“, а билетите за оваа директна пресметка за пол-позицијата пред плејофот се веќе во продажба и тоа по цена од 100 (сто) денари. Истите веќе може да се купат на билетарницата при СЦ „Јане Сандански“, како и онлајн преку интернет-страницата http://ticketplus.mk/.

4 Uni Banka.jpgGjorgievi logo2 mk za sajt.jpgNeuromedika za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

 

Следете не и на

Top of Page