К.К. МЗТ Скопје Аеродром

МЗТ Скопје Аеродром не успеа да победи на гостувањето во „Градски парк“

2017 22 Apr

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром го претрпеа првиот пораз сезонава во домашната Суперлига, откако загубија на вечерашното гостување кај вечниот ривал Работнички (70-78) во меч од 8. коло од овој дел од шампионатот.

До овој меч, сино-белите имаа серија од седум победи во низа, а и покрај неуспехот остануваат лидери на суперлигашката табела со една победа повеќе од најголемиот конкурент, Карпош Соколи. Неефикасноста во втората четвртина, во која постигнавме само десет поени, се покажа како клучен фактор за загубениот дуел со големиот противник. Потпросечниот шут (42-отсто од поле) како и далеку помалиот број асистенции во однос на црвено-белите (5-23) ја анулираа нашата огромна доминација под кошевите каде што имавме дури 12 скокови повеќе (38-26).

Шарлон Клоф со 20 поени беше убедливо најдобар во таборот на шампионот, а Јуре Лалиќ оствари дабл-дабл ефект со 11 поени и 10 скока. Марко Симоновски реализира девет поени, Ѓорѓе Дреновац и Љубомир Младеновски по осум, а Данило Мијатовиќ и Ксавиер Темс по седум поени.

Тренерот Анте Назор ќе нема премногу време за анализирање на поразот од Работнички, бидејќи веќе в среда нѐ очекува уште еден тежок натпревар и тоа на домашен терен против АБА-ривалот Карпош Соколи, што воедно ќе биде и директна пресметка за стартната позиција број еден пред плејофот.

4 Uni Banka.jpgGjorgievi logo2 mk za sajt.jpgNeuromedika za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

 

Следете не и на

Top of Page