Назор: Со брза игра и агресивна одбрана против „стрелачкиот вод“ на Работнички!

2017 22 Апр

Наметнување на брз ритам и избегнување на замката за влез во бавната приказна на противникот се две клучни работи кои ги потенцира тренерот Анте Назор пред вечерашното големо дерби на МЗТ Скопје Аеродром против Работнички (18 часот), кое ќе се одигра на теренот на противникот во рамки на 8. коло од Суперлигата.

Исполнувањето на овие две работи за хрватскиот стратег значат исчекор кон посакуваниот исход, а тоа е победа на гостувањето во „Градски парк“ и продолжување на победничката серија во домашното првенство. Задачата нема да биде лесна, сите во таборот на „металците“ се свесни за квалитетот на искусните волци предводени од Марин Докузовски, но секогаш на мака се познаваат јунаците. Душан Катниќ по подолго време ќе биде му биде на располагање на тренерот Назор, додека Стефан Синовец, кој се уште се рехабилитира од повредата на листот, ќе биде прекубројниот странец на овој дуел.

Веќе неколку дена наназад во воздухот се чувствува мирисот на вечното дерби. Ние мора да бидеме подготвени на полна сала, да уживаме во таа атмосфера и да се обидеме да прикажеме што е можно подобра игра. Работнички има фантастична петорка, која ако им се допушти може да делува како вистински стрелачки вод, бидејќи сите се максимално опасни во ударите од далечина. Само со агресивна одбрана можеме да излеземе на крај со искусниот противник, а истовремено мора да најдеме начин да парираме на нивната игра пет на пет, која дефинитивно е заштитен знак за нашиот вечерашен ривал. Наша цел е тежиштето на играта да го префрлиме на целиот терен, да ги натераме да трчаат, односно да наметнеме брз ритам кој дефинитивно повеќе ни одговара на нас. Очекувам атрактивен натпревар, максимално ги ценам сите кошаркари на Работнички како и нивниот стручен штаб и верувам дека ќе успееме да ја избегнеме замката да влеземе во нивната бавна приказна, во која велемајсторски се снаоѓаат“, вели тренерот на аеродромци.

Според Хрватот, низата од седум победи по ред не смее да донесе било какво опуштање меѓу неговите избраници, првенствено поради квалитетот на вечерашниопт противник, но и начинот на кој тие дојдоа до речиси секој од досегашните триумфи.

Ниту една од досегашните победи не беше лесно остварена, се намачивме во речиси сите досегашни дуели, што покажува дека без разлика на досегашниот беспрекорен учинок во Суперлигата никако не смееме да се опуштиме, а најмалку да потцениме некој противник. Лигата е квалитетна, секоја средба носи одредени замки и мора да бидеме подготвени за секое можно изненадување. Секоја средба е посебна, во секој меч треба да влеземе максимално подготвени и само така може да дојдеме до посакуваната цел, а тоа е шампионската титула“, дополнува Назор.

Судии на вечерашниот дуел се Марјан Мицевски, Александар Милојевиќ и Зоран Митровски, а делегат е Владимир Макревски. Предвиден е телевизиски пренос на собранискиот канал на Македонската телевизија (МТВ).

4 Uni Banka.jpgGjorgievi logo2 mk za sajt.jpgNeuromedika za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page