Назор: Борбено, агресивно и со контролиран скок до триумф на вечерашниот дуел со Кожув!

2017 13 Апр

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром вечерва, на домашен терен, ќе го одиграат мечот против Кожув (19 часот), кој е во рамки на 7. коло од Суперлигата.

За сино-белите ова е шанса за продолжување на победничката серија во домашниот шампионат, со оглед на победите во сите шест досегашни пресметки по стартот на втората фаза од ова натпреварување. Душан Катниќ поради болки во пределот на ребрата и понатаму е надвор од стројот, а Стефан Синовец ќе биде во тимот, но исто како и пред неколку дена во Кавадарци одлуката дали и колку ќе игра ќе биде донесена пред самиот почеток на средбата.

„Металците“ вечерва ќе се обидат да дојдат до десеттата победа по ред во дуелите со гевгеличани, од кои последниот пораз го претрпеа пред две ипол години, поточно во ноеври 2014 година.

Очекувам тежок натпревар, бидејќи Кожув е екипа која исклучително ја ценам и која има свој систем и цврстина во играта. Секој досегашен натпревар во Суперлигата го одиграа тврдо, имаат две победи, а на сите средби кои ги загубија до самиот крај беа во игра за бодовите. Гевгеличани покажуваат карактер, поради што ние мора да бидеме концентрирани, борбени и пред сѐ агресивни во одбраната каде што мора да внимаваме на противничкиот индивидуален квалитет. Истовремено ќе мора да го контролираме скокот и ако го сториме тоа заедно со претходно кажаното тогаш ќе може да се надеваме на триумф. Во натпреварот мора да бидеме максимално мотивирани од првиот до последниотмомент, а не како на претходниот домашен меч против Куманово, во кој ни попушти концентрацијата во финишот поради што непотребно влеговме во неизвесна завршница“, вели тренерот Анте Назор.

Натпреварот, поради зафатеност на големата арена, е закажан за малата сала во спортскиот центар „Јане Сандански“. Влезот за вечерашниот меч против Кожув е слободен, како своевиден велигденски подарок на навивачите и симпазитерите на нашиот клуб, како и за сите останати вљубеници во кошарката.

Играњето во малата сала не би требало да биде проблем за нас, пред сѐ зошто голем дел од тренинзите ги работиме токму таму и добро сме адаптирани на условите. Но, тоа ќе биде прв официјален натпревар за нас сезонава во оваа арена и ќе видиме како тоа ќе се одрази на играта. Искрено, не очекувам никакви проблеми или разлики во однос на играњето во големата сала“, дополнува хрватскиот стратег.

Судии на натпреварот ќе бидат Марјан Мицевски, Игор Митровски и Александар Давидов, а делагат е Зоран Николовски. Предвиден е телевизиски пренос на собранискиот канал на Македонската телевизија (МТВ).

1 Sinalco Logo.jpg3kozuvcanka logo.jpg4 sport m logo web.jpg5.Adora logo.jpg6. adidas.jpgBauer logo.jpgJsp_turs1.jpgTineks.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpggoldenart logo.jpgsistina logo web.jpgtelekom logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page