Вечерва му гостуваме на Фени со желба за реванш за елиминацијата од Купот!

2017 08 Апр

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром се решени да дадат сѐ од себе за да дојдат до победа на вечерашното гостување кај Фени индустри (19 часот), со што делумно би се реванширале за поразот во полуфиналето од Купот на Македонија и токму на теренот во Кавадарци каде што беа прерано елиминирано на патот кон победничкиот пехар.

Ова е прва средба од втората фаза од Суперлигата, во која досеа имаме стоотстотен учинок од пет победи без пораз, меѓу кои е и убедливиот триумф на домашен терен против кавадарчани со 27 поени разлика (86-59). Тренерот Анте Назор и на оваа средба ќе го нема повредениот Душан Катниќ, а Стефан Синовец по подолго време ќе биде во составот на „металците“, а дали и колку ќе игра ќе зависи од развојот на настаните на паркетот.

Пред нас е тешко гостување, против екипа која е одлично пополнета на сите позиции. Најважно ќе биде да го запреме противничкиот шут од далечина, на што најмногу се базира нивната игра. Истовремено, со ангажманот на Пантиќ сериозно се засилија и во играта под кошевите, за што најголем доказ е фактот што тој е најконстантниот кошаркар на Фени индустри во досегашниот дел од Суперлигата. Поразот во полуфиналето од Купот на Македонија од истиот ривал во Кавадарци дефинитивно ќе биде дополнителен мотив за моите играчи, кои само со максимален ангажман и агресивност ќе може да дојдат до тоа што сите го посакуваме, а тоа е продолжување на победничката серија во домашното првенство“, вели хрватскиот стратег на клупата на аеродромци.

Судии на натпреварот се Марјан Мицевски, Игор Митровски и Иван Мијалковски, а делегат е Среќко Хорват. Предвиден е директен пренос и тоа на собранискиот канал на Македонската телевизија (МТВ).

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page