Рутинска победа над Куманово за пет од пет во Суперлигата

2017 05 Апр

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром дојдоа до петтата победа по ред во Суперлигата, откако вечерва, на домашен терен, го совладаа тимот на Куманово со 81-76.

Тоа беше рутинска победа за актуелниот шампион во меч во кој доминираа од почетокот до крајот и во ниту еден момент не му дозволија на противникот да го презеде водството. Падот во концентрацијата во финишот нѐ доведе до нешто понеизвесна завршница од очекуваното, по намалувањето на нашето водство на само еден поен (75-74). Но, сино-белите покажаа зрелост кога најмногу требаше и во пенал-завршница успеаја да го одбранат триумфот, со кој го задржаа лидерското место на табелата.

Ксавиер Темс беше најефикасен во нашиот табор со 22 поени, а одлична партија прикажа и Јуре Лалиќ со 20 поени, шест скока и три асистенции. Голем удел имаше и Данило Мијатовиќ со дабл-дабл ефект од 14 поени и 10 скокови додека Стојан Ѓуроски финишира со девет поени, пет скока и две асистенции.

Со овој меч финишира првиот дел од Суперлигата, а следниот меч нѐ очекува веќе в сабота кога ќе му гостуваме на Фени индустри.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page