МЗТ Скопје Аеродром вечерва му гостува на секогаш незгодниот Кожув!

2017 18 Мар

Осоколени по убедливата победа во воведниот меч против Фени индустри, кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром вечерва ќе му гостуваат на тимот на Кожув (19 часот), во првата средба од 2. коло од македонската Суперлига.

Гостувањето во Гевгелија секогаш било незгодно за „металците“, каде што нашите кошаркари само еднаш победиле со двоцифрена разлика, а претрпеле два порази во вкупно одиграните осум средби во во јадранската ера на клубот. Ако на ова се додаде и нималку лесната победа пред еден месец во четврт-финалето од Купот на Македонија, тогаш сосема разбирлива е претпазливоста на тренерот Анте Назор пред вечерашното патување на југот од државата.

Очекувам максимално тешко гостување против борбен и мотивиран противник. Моите играчи ќе мора да бидат на ниво од неодамнешниот меч против Фени индустри, па дури и уште подобри и поагресивни ако сакаме да го совладаме Кожув. Мора да го запреме движењето на топката на нивната надворешна линија како и ефикасноста на нивните бекови, кои можат да постигнуваат поени во серија, нешто што добро го почувствувавме во меѓусебниот дуел во Купот на Македонија. Исто така, треба да внимаваме на офанзивните скокови на противничките високи играчи, пред сѐ на Мијовиќ што дефинитивно може да ни донесе проблеми ако не го спречиме на време. Ако ја пренесеме енергијата од средбата од првото коло, заедно со зголемената самодоверба по триумфот во пресметката со Фени тогаш ќе може да се надеваме на успешно гостување во Гевгелија“, вели хрватскиот стратег на клупата на аеродромци.

Стефан Синовец ќе го пропушти и денешниот дуел, овој пат поради повреда на листот на ногата, добиена буквално на првиот вистински тренинг по рехабилитацијата на скршеницата на зглобот на раката. Сите останати се подготвени да дадат максимум за да се дојде до втората победа по ред во Суперлигата.

Судии на натпреварот се Марјан Мицевски, Алија Феревски и Горан Бошковски, а управата на нашиот клуб обезбеди директен интернет-пренос на следниот линк.

1 Sinalco Logo.jpg3kozuvcanka logo.jpg4 sport m logo web.jpg5.Adora logo.jpg6. adidas.jpgBauer logo.jpgJsp_turs1.jpgTineks.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpggoldenart logo.jpgsistina logo web.jpgtelekom logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page