Лесна и убедлива победа над Фени како реванш за поразот во Купот

2017 16 Мар

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром имаа повеќе од успешен старт на Суперлигата, откако вечерва, на домашен терен, лесно и убедливо го совладаа Фени индустри (86-59), што воедно беше и своевиден реванш за поразот од овој тим во неодамнешното полуфинале од Купот на Македонија.

Сино-белите доминираа од првиот до последниот момент од натпреварот, покажувајќи дека неуспехот во Кавадарци бил само плод на лош ден, а не на реален однос на силите помеѓу двата тима. Предноста на „металците“ константно се зголемуваше во текот на целиот меч, за највисоки плус 29 (86-57) пред самиот крај. На крајот шанса доби и 18-годишниот Леонид Тодоровски, кој го одигра вториот меч за МЗТ Скопје Аеродром сезонава, но немаше среќа да ги постигне првите поени откако во последните секунди не реализира зицер кој самиот маестрално си го создаде.

Ѓорѓе Дреновац со 22 поени беше најефикасен во нашиот тим, Шарлон Клоф реализира 14 поени додека Јуре Лалиќ и Марко Симоновски постигнаа по 11 поени. Повеќе солидно деби имаше Душан Катниќ (пет поени) додека забележителен настап имаа и тројцата македонски репрезентативци, Стојан Ѓуроски (девет поени и седум скока), Адем Мекиќ (седум поени и четири скока) и Љубомир Младеновски (четири поени и три скока).

Следниот меч од суперлигашкиот дел од домашното првенство ќе го одиграме веќе задутре, кога според програмата ќе треба да му гостуваме на тимот на Кожув.

3kozuvcanka logo.jpg4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page