Вечерва против Фени го почнуваме нападот на шестата шампионска титула!

2017 16 Мар

Со желба за добар старт на Суперлигата, но и за реванш за поразот во неодамнешното полуфинале од Купот на Македонија, кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром го очекуваат вечерашниот дуел на домашен терен против Фени индустри (18 часот), прв сезонава во Суперлигата.

Сино-белите се во улога на бранители на трофејот, а пресметката со кавадарчани официјално го означува почетокот на нападот на шестата шампионска круна со оглед што нашиот тим го пропушти првиот дел од домашната сезона поради настап во две меѓународни натпреварувања – Еврокупот и АБА-лигата. Тренерот Анте Назор и на оваа средба нема да може да смета на Стефан Синовец, кој само што се опорави по повредата на зглобот на раката го истегна мускулот на ногата па ќе продолжи со рехабилитација и во следните десетина дена.

Токму по поразот од Фени индустри во полуфиналето од Купот на Македонија влеговме во серија порази и во АБА-лигата, што сигурно ќе биде дополнителен мотив за сите нас пред вечерашниот дуел со овој противник. Станува збор за екипа која знае да игра, која на плејмејкерската позиција има одлични играчи кои знаат да играат два на два како и шутери од далечина како Николовски и Чешковиќ, кој ја постигна клучната тројка на куп-завршницата во Кавадарци. Сега се и засилени во играта под кошевите со доведувањето на Пантиќ, поради што ќе мора да вложиме далеку поголем напор ако сакаме да ја добиеме битката под кошевите“, вели Назор.

Хрватскиот стратег верува во исправање на грешките од претходниот дуел со овој противник, кој и во претходните сезони беше еден од ривалите со кои МЗТ Скопје Аеродром најтешко излегуваше на крај.

Искрено се надевам дека моите кошаркари ја имаат научено лекцијата од Кавадарци и дека на вечерашната средба ќе почнат силно и квалитетно, а не како на неодамнешниот дуел со Морнар кога дури во последните седум минути го покажавме нашето вистинско лице. Токму овој период треба да ни биде репер како да играме во текот на сите 40 минути и тоа не само вечерва против Фени туку и на сите останатите средби од домашното првенство. Шампионската титула е приоритет, имаме квалитет за тоа, но ако не се бориме максимално и ако не даваме сѐ од себе, тогаш нема да дојдеме до посакуваната цел“, дополнуте тренерот на „металците“.

На вечерашниот дуел за првпат во дресот на македонскиот шампион ќе настапи и српскиот интернационалец Душан Катниќ.

Се надевам дека Катниќ ќе донесе подобрување на играта, на ниво кое ќе биде дури и подобро од тоа кога Ван Острум беше дел од нашиот тим. Станува збор за искусен кошаркар, кој добро се познава со своите нови соиграчи и мислам дека нема да има проблем со прилагодување во новата средина, а што е исклучително важно за позицијата на која тој настапува“, завршува Назор.

Средбата се игра во големата сала во спортскиот центар „Јане Сандански“, а судии ќе бидат Марјан Мицевски, Игор Митровски и Алија Феревски. Директен пренос е предвиден на каналите на Македонската телевизија (МТВ).

3kozuvcanka logo.jpg4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page