Одбраната на титулата ја почнуваме дома против големиот должник од Кавадарци

2017 07 Мар

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром суперлигашкиот дел од сезоната ќе го почнат со пресметката на домашен терен против Фени индустри, што воедно ќе биде шанса за делумна одмазда за неочекуваниот пораз од кавадарчани во неодамнешното полуфинале од Купот на Македонија.

Вториот дел од домашното првенство почнува следниот викенд, а точниот термин на нашата прва средба дополнително ќе биде одреден со оглед на последната обврска во АБА-лигата, в понеделник на домашен терен против Морнар. Тоа е средба без резултатски императив со оглед што двете екипи веќе имаат обезбедено опстанок во регионалното натпреварување.

Во Суперлигата ќе настапат четирите најдобри екипи од првата фаза (Фени И., Работнички, Кожув и Куманово) заедно со двата македонски АБА-лигаши – МЗТ Скопје Аеродром и Карпош Соколи. Сите почнуваат од нула, а четирите првопласирани на крајот ќе обезбедат место во плејофот во кој полуфиналето и финалето ќе се играат до три победи.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

1. коло (11 март): МЗТ СКОПЈЕ – Фени индустри

2. коло (18 март): Кожув - МЗТ СКОПЈЕ

3. коло (25 март): МЗТ СКОПЈЕ - Работнички

4. коло (1 април): Карпош Соколи – МЗТ СКОПЈЕ

5. коло (5 април): МЗТ СКОПЈЕ - Куманово

6. коло (8 април): Фени индустри - МЗТ СКОПЈЕ

7. коло (15 април): МЗТ СКОПЈЕ – Кожув

8. коло (22 април): Работнички - МЗТ СКОПЈЕ

9. коло (26 април): МЗТ СКОПЈЕ – Карпош Соколи

10. коло (29 април): Куманово - МЗТ СКОПЈЕ

1 Sinalco Logo.jpg3kozuvcanka logo.jpg4 sport m logo web.jpg5.Adora logo.jpg6. adidas.jpgBauer logo.jpgJsp_turs1.jpgTineks.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpggoldenart logo.jpgsistina logo web.jpgtelekom logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page