Против Фени индустри ја почнуваме одбраната на трофејот во Суперкупот

2016 22 Сеп

Речиси целосно изминетиот состав на МЗТ Скопје Аеродром вечерва ќе го одигра првиот официјален натпревар сезонава и тоа против секогаш незгодниот тим на Фени индустри (18 часот) во рамки на полуфиналето од Суперкупот, кој годинава се игра во салата „Јане Сандански“ во организација на Македонската кошаркарска федерација (МКФ).

Нашиот тим е во улога на бранител на трофејот освоен лани на фајналфор-турнирот во Охрид, што воедно е и дополнителна обврска за кошаркарите на новиот тренер Емил Рајковиќ за давање максимум на овој воведен настан пред исклучително напорната сеона. Сино-белите покрај веќе традиционалниот настап во АБА-лигата, сезонава по вторпат ќе играат во престижниот Еврокуп, поради што ќе го пропуштат првиот дел од домашниот шампионат во кој ќе се вклучат дури во Суперлигата.

Стручниот штаб на средбите од ова натпреварување пред сѐ гледа како можност за воигрување на тимот, кој пред само неколку дена го одржа првиот тренинг во полн состав. Натурализираниот Американец со македонски пасош, Џеремаја Мејси, пак, вели дека тој и соиграчите се подготвени да дадат сѐ од себе за да се обезбеди победа вредна пласман во големото финале.

Судии на нашиот денешен натпревар се Зоран Митровски, Владо Цветановски и Иван Мијалковски додека делегат е Марјан Тодоровски. Во втората полуфинална пресметка силите ќе ги одмерат Карпош Соколи и Куманово (20.30 часот). Утрешното финале е во вечерашниот термин. Сите средби ќе се пренесуваат на Македонската телевизија (МТВ), а дневниот билет чини сто денари.

4 Uni Banka.jpgGjorgievi logo2 mk za sajt.jpgNeuromedika za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page