Суперкупот во функција на темпирање на формата за стартот на АБА-лигата

2016 20 Сеп

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром задутре, со почеток од 18 часот, против Фени индустри ќе го почнат настапот во фајналфор-турнирот од Суперкупот, на кој го бранат трофејот освоен лани во Охрид и во кој ќе влезат со желба за повторување на овој успех, но и за воигрување на екипата пред главното што претстои – настапот во Еврокупот и во АБА-лигата.

Тренерот Емил Рајковиќ на денешната прес-конференција по повод завршницата од воведното натпреварување, кое ќе се одржи во салата „Јане Сандански“ во Скопје, потенцира дека дури вчера првпат ги имал сите играчи на тренинг што е проблем за кој има малку време да го надмине.

„За нас ова е дел од подготовките со кои влегуваме во последната фаза. Вчера првпат одржавме тренинг со сите играчи, поради што ни треба време, а и натпревари за да се воиграме. Во таа насока ќе ги искористиме дуелите во Суперкупот и на турнирот во Кавадарци нешто подоцна, сѐ во функција на темпирање на формата за стартот на АБА-лигата (30 септември против Црвена звезда во Белград – н.з.) и предизвиците кои нѐ очекуваат сезонава“, изјави стратегот на нашиот клуб.

На средбата со новинарите беше најискусниот во таборот на „металците“, Џеремаја Мејси, кој најави борба до самиот крај на средбите од Суперкупот.

„Ќе излеземе на паркет за да одиграме најдобро што можеме, но мора да се има в предвид дека ова е сѐ уште подготвителен период. Сигурен сум дека ќе дадеме сѐ од себе, дека ќе одиграме максимално, а ако го направиме тоа ќе дојдеме до посакуваната цел“, објасни натурализираниот Американец со македонски пасош.

Во второто полуфинале, силите ќе ги одмерат Карпош Соколи и Куманово (20.30 часот), додека финалето е в петок во вечерниот термин. Билетите за овие средби веќе се во продажба и тоа со дневна цена од сто денари.

4 Uni Banka.jpgGjorgievi logo2 mk za sajt.jpgNeuromedika za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page