На домашен терен ќе го браниме пехарот во Суперкупот

2016 12 Сеп

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром своите прво официјални обврски во новата сезона ќе ги немаат во АБА-лигата односно во Еврокупот, туку во македонскиот Суперкуп и тоа на домашен терен, во салата „Јане Сандански“ во Скопје.

Македонската кошаркарска федерација (МКФ), како организатор, денеска ги извести клубовите дека фајналфор-турнирот од ова воведно натпреварување ќе се одржи на 22 и 23 овој месец во спортскиот центар во населбата Аеродром. Според веќе одредениот распоред, „металците“ на 22 септември ќе се сретнат со Фени индустри (18 часот) додека Карпош Соколи ќе ги одмери силите со Куманово (20.30 часот), што воедно ќе биде реприза на полуфиналето од плејофот од минатата сезона.

Големото финале ќе се одигра утредента исто така со почеток во 20.30 часот. Аеродромци пехарот го бранат по победата во ланското издание одржани во Охрид, по финалната победа над вечниот ривал Работнички, откако претходно беа подобри од Куманово.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

ПОЛУФИНАЛЕ (22 септември)

(1) МЗТ Скопје Аеродром - Фени И. 18 ч.

(2) Карпош Соколи - Куманово 20.30 ч.

ФИНАЛЕ (23 септември)

Победник 1 - Победник 2 20.30 ч.

4 Uni Banka.jpgNeuromedika za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page