Нов триумф над Куманово за нова шампионска титула

2016 27 Мај

Кошаркарите на МЗТ Скопје се старо нови шампиони во домашното кошаркарско првенство откако вечерва во неизвесен меч го совладаа домаќинот Куманово со резултат 88-90.
Средбата помина во израмнета игра на двете страни со минимално водство на двете екипи во различни периоди од мечот. Домашните кошаркари својата најголема предност ја имаа во 25.та минута кога водеа со девет поени разлика. Актуелниот шампион возврати со своја добра игра и намалување на водството, па натпреварот влезе во неизвесен финиш. На 15. секунди до крајот на средбата, при водство на домашните 88-86, Немања Протиќ успеа да постигне тројка од безизлезна позиција и да му донесе водство на својот тим (88-89). Во последниот напад на домашните кошаркари, неуспешен беше обидот на Александар Костоски кој беше блокиран од Ѓорѓе Дреновац. Точка на натпреварот од линијата за слободни фрлања стави Дамјан Стојановски , за конечни 88-90.

Ѓорѓе Дреновац постигна 25 поени и беше прв стрелец на натпреварот. Дамјан Стојановски постигна 18 поени, додека Немања Протиќ беше стрелец на 12 поени, 8 скока и 4 асистенции. Двоцифрен беше уште и Урош Луковиќ кој застана на 11 поени заедно со 8 скока..
Кај Куманово, Бојан Трајковски и Александар Костоски постигнаа по 23 поени. Марко Симоновски беше стрелец на 15 поени.

За најкорисен играч во финалето на плефјот беше избран капитенот на МЗТ Скопје, Дамјан Стојановски.

Со вечерашниот триумф над Куманово, МЗТ Скопје го доби меѓусебниот плејоф дуел со 3-1 во победи и ја освои петтата едноподруго титула во домашното кошаркарско првенство. Освоената шампионска титула е прва за шефот на стручниот штаб на МЗТ Скопје, Александар Јончевски, кој оваа сезона како предводник на МЗТ Скопје го освои и Купот на Македонија.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page