Испечатете ја страната

МЗТ Скопје го совлада Куманово и поведе со 2-1

2016 24 Мај

Во третиот меч од финалната плејоф серија кој вечерва се одигра во СЦ Јане Сандански во Скопје, тимот на МЗТ Скопје Аеродром беше поуспешен од Куманово и славеше со резултат 91-73. Домашните кошаркари добро го отворија мечот па веќе во првиот период од средбата успеаа да направат позитива. Кумановчани не се предадоа, заиграа подобро со што овозможија намалување на предноста. Вториот и третиот период од средбата поминаа во израмнета игра на двете страни, додека клучната предност МЗТ Скопје ја оствари во последната четвртина која ја доби со 21-11.  

Данило Мијатовиќ беше еден од најзаслужните за триумфот на Куманово. Мијатовиќ средбата ја заврши со 18 поени и 15 скока. Капитенот Дамјан  Стојановски беше прв стрелец со 19 поени и 7 скока. Двоцифрени беа уште и Дреновац со 14 поени, М.Луковиќ со 13 поени, У.Луковиќ 11 поени, додека М.Љубичиќ беше стрелец на 10 поени.
Во тимот на Куманово, Александар Костоски со 17 поени беше најпрецизен играч. Бојан Трајковски постигна 13 поени, Марко Симоновски 12 поени.

Со вечерашниот триумф над Куманово, МЗТ Скопје сега поведе со 2-1 во меѓусебниот дуел и е на чекор до петтата титула, а првата шанса за тоа ќе ја има во четвртиот натпревар од финалето кој е закажан за петок (27.05.2016) во Куманово.