Испечатете ја страната

Гостински триумф над Куманово 75-82

2016 21 Мај

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром остварија гостински триумф над Куманово со резултат 75-82 во вториот меч од финалната серија кој вечерва се одигра во Куманово. Со агресивна игра и добра одбрана во текот на целата средба избраниците на тренерот Александар Јончевски имаа целосна контрола над резултатот и сосема заслужено дојдоа до победа што значи израмнување на резултатот во финалето (1-1).

МЗТ Скопје ги доби првите две четвртини по кои замина на полувремето со 13 поени позитива. Куманово успеа да намали во третиот период кој го доби со 6 поени во своја корист, додека последниот период помина во израмнета игра за конечни 75-82.

Марко Луковиќ со 16 поени и 6 скока беше најефикасен кај МЗТ Скопје. Со двоцифрен поентерски учинок беа уште и капитенот Дамјан Стојановски со 14 поени, Немања Протиќ со 13 поени, Урош Луковиќ со 12 поени, додека Марко Љубичиќ средбата ја заврши со 11 поени.

Кај Куманово Бојан Трајковски беше стрелец на 18 поени, а Димитар Караџовски на 13 поени.

Третиот натпревар од финалето ќе се одигра во СЦ Јане Сандански во вторник (24.05.2016) со почеток од 19.00ч.