Испечатете ја страната

МЗТ Скопје поразен на стартот од финалето

2016 18 Мај

Тимот на МЗТ Скопје е поразен од Куманово во првиот натпревар од финалната серија која вечерва започна во СЦ Јане Сандански. Куманово одигра одличен натпревар и славеше со резултат 84-87, а со тоа и поведе со 1-0 во меѓусебниот дуел.  Мечот помина во израмнета игра на двете страни, иако МЗТ Скопје во последниот период имаше висока предност од 11 поени разлика на 5 минути до крајот на средбата. Но токму при таа разлика започна фанастичната серија на гостинските кошаркари од 25-11 со која направија целосен пресврт и го добија натпреварот.

Бојан Трајковски беше прв играч на вечерашната средба со 32 поени и 14 скока.

Во тимот на МЗТ Скопје, Ѓорѓе Дреновац постигна 21 поен. Дамјан Стојановски беше стрелец на 20 поени, додека Данило Мијатовиќ средбата ја заврши со 16 поени.


Следниот меч од финалната серија се игра во сабота, а домаќин во тој дуел е тимот на Куманово.