Испечатете ја страната

Информација за првиот финален натпревар

2016 16 Мај

Кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје Аеродром информира дека од утре (вторник, 17.05.2016) ќе стартува продажбата на влезници за првиот натпревар од финалната серија помеѓу МЗТ Скопје и Куманово кој ќе се одигра во СЦ Јане Сандански во среда (18.05.2016) со почеток од 18:00ч.


Влезниците  за финалната серија се со цена од 100 денари и ќе можат да се набават на билетарата при СЦ Јане Сандански од 10.00-18.00ч.


За првиот натпревар од финалната серија, вратите во СЦ Јане Сандански ќе бидат отворени за симпатизерите на домашниот и за гостинскиот клуб, како и за сите останати љубители на кошарката кои ќе сакаат да присуствуваат на овој дуел.