Испечатете ја страната

Трет триумф над Фени Индустри (100-77)

2016 10 Мај

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром се пласираа во финалето на плејофот, откако вечерва на домашен терен во СЦ Јане Сандански по трет пат беа поуспешни од Фени Инудстри, совладувајќи го со резултат 100-77 . Актуелниот шампион одлично го отвори натпреварот и создаде двоцифрена предност која ја одржуваше во текот на целата средба. Тренерот на домашната екипа им даде шанса за настап на сите кошаркари и сите до еден се запишаа во листата на стрелците.
Прв играч на вечерашната средба повторно беше Урош Луковиќ кој реализира 17 поени и 10 скока. Покрај него, со двоцифрен учинок беа уште и Мијатовиќ со 16п, Стојановски со 14п, Протиќ со 13п и Дреновац со 10п.
Кај Фени, Бобан Стајиќ со 18 поени и 6 скока беше најдобар поединец.

МЗТ Скопје во финалето ќе го чека подобриот од дуелот Карпош Соколи-Куманово, во кој што Соколи имаат предност од 2-1 во победи.