Испечатете ја страната

Триумф над Фени за водство од 2-0

2016 08 Мај

Тимот на МЗТ Скопје го совлада Фени Индустри со резултат 87-91 во вториот натпревар од полуфиналната плејоф серија.  До триумфот, тимот на МЗТ Скопје дојде многу потешко од очекувањата, затоа што за разлика од првиот натпревар во Скопје, екипата на Фени Индустри одигра многу поквалитетно и имаше водство во поголемиот дел од средбата. Актуелниот првак заигра добро во последниот период од средбата кој го доби со резултат 28-21 и успеа во целост да ја надомести разликата која ја имаше домаќинот, а со тоа и да поведе 2-0 во победи.

Урош Луковиќ повторно беше најдобар поединец во составот на МЗТ Скопје, со постигнати 31 поен и 17 скока. Данило Мијатовиќ исто така одигра одлично со 26 поени и 7 скока. Ѓорѓе Дреновац средбата ја заврши со 18 поени.

Во домашниот состав, Карло Враговиќ постигна 25, додека Владимир Ивеља имаше 20 поени.

Третиот натпревар од полуфиналето помеѓу МЗТ Скопје и Фени Индустри ќе се одигра на 10.05.2016 (вторник) во СЦ Јане Сандански со почеток од 19.00ч.