Испечатете ја страната

МЗТ Скопје подобар од Фени 95-64

2016 06 Мај

Во првиот меч од полуфиналната плејоф серија, кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром триумфираа над тимот на Фени Индустри со резултат 95-64 и со тоа поведоа со 1-0 во победи. Искористувајќи го отсуството на неколку клучни играчи на гостинскиот состав, кошаркарите на МЗТ Скопје многу рано создадоа двоцифрена предност која од четвртина во четвртина само ја зголемуваа и сосема заслужено дојдоа до триумфот.

Урош Луковиќ беше прв стрелец на вечерашната средба со 23 поени и 11 скока. Со двоцифрен број на поени беа уште и Дреновац со 14п, Младеновски 13п, Стојановски 12п, Мијатовиќ 10п.

Кај гостите од Кавадарци, Бобан Стајиќ беше прв играч со 13 поени.

Вториот натпревар од полуфиналната серија помеѓу Фени Индустри и МЗТ Скопје ќе се одигра во Кавадарци, а е закажана за недела (08.05.2016) со почеток од 19.30ч.