Испечатете ја страната

Пораз на домашен терен од К.Соколи

2016 24 Апр

Во последниот меч од 28.то коло на домашниот кошаркарски шампионат, МЗТ Скопје Аеродром на домашен терен во СЦ Јане Сандански беше совладан од тимот на Карпош Соколи со резултат 68-83.

МЗТ Скопје одигра лош натпревар со исклучок на вториот период од средбата кој го доби со 23-14, додека во останатите четвртини гостите беа подобар противник и сосема заслужено дојдоа до победата.

Најпрецизни во победничкиот состав беа Болтиќ и Шепа со по 20 постигнати поени.

Кај МЗТ Скопје Дамјан Стојановски беше прв стрелец со 16 постигнати поени.